АВТОМАТСКИ TERMO TUNEL

autotermotunel-golema
Машината е наменета за поединечно и збирно пакување, а пред се најбрзо пакување на истородни производи во термособирачка фолија. Машината е составена од три дела : припремен дел, дел за вметнување во фолија и термо тунел. Во припремниот дел се врши пренесување на производите од главната транспортна лента и нивно автоматско групирање во пакет од 6 (2 х 3) производи, пакет од 12 (3 х 4) производи или комбинација по потребите на корисникот. Во вториот дел се врши обмотување на деловите со фолија, како и заварување и сечење на фолијата. Задвижувањето на пакетот кон фолијата, како и задвижувањето на заварувачот и отсекувачот на фолијата се пневматски. Во термо делот се врши термособирање на фолијата, со што пакувањето е завршено. Целиот процес е воден и контролиран со помош на процесор. На овој начин се добиваат цврсти пакети одлично припремени за транспорт.
ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ АВТОМАТСКИ TERMO TUNEL
Максимални димензии на пакетот Ш х Д х В 500 х 250 х 350mm
Максимална ширина на фолијата 700mm
Максимална дебелина на фолијата 0,12mm
Максимален дијаметар на фолијата 300mm
Брзина на транспортната лента од 2 - 8 m/мин.
Електрично напојување 3x380V - 50Hz
Максимална инсталирана моќност 23kW
Потрошувачка на енергија 11kW/час
Фолија за пакување ПЕ, ПП, ПВЦ - термособирачка
Производност од 0 до 10 опаковки/мин.
Димензии на машината Д х Ш х В 4.800 x 1.050 x 2.200mm

Производителот задржува право за евентуални технички измени.

Можни се изведби на машинитe со други димензии и со поголем степен
на автоматизираност, во зависност од желбите на купувачот.

pak_termo_super_pak
МАШИНИТЕ СЕ ПРИКЛАДНИ ЗА ЗБИРНО И ПОЕДИНЕЧНО ПАКУВАЊЕ НА :

пластични и стаклени шишиња, конзерви, тегли, играчки, списанија, книги, хартиени производи, адинг ролни, селотејпи, санитарни производи, средства за хигиена, кабли, калеми, електрични и технички производи, резервни делови за авто индустрија, дрвени