Машината е наменета за збирно и поединечно пакување на истородни производи во термособирачка фолија. Кај основниот термо тунел производите рачно се доведуваат на предната платформа и се втурнуват во фолијата која рачно ја додаваме од горната страна. Со притискање на копчиња се активира пневматскиот цилиндер со кој се врши сечење и заварување на фолијата. Транспортната трака ги носи производите низ термо тунелот каде фолијата се обвиткува околу пакетот. На излезот од тунелот фолијата се лади со дување на ладен воздух.
| ТЕХНИЧКИ ПОДАТОЦИ |
TERMO TUNEL |
|
|
| Максимални димензии на пакетот Ш х Д х В |
500 х 350 х 350mm |
Максимална ширина на фолијата |
750mm |
| Максимална дебелина на фолијата |
0,12mm |
| Максимален дијаметар на фолијата |
300mm |
| Брзина на транспортната лента |
од 1 - 4 m/мин. |
| Електрично напојување |
3x380V - 50Hz |
| Максимална инсталирана моќност |
12kW |
| Потрошувачка на енергија |
6,5kW/час |
| Фолија за пакување |
ПЕ, ПП, ПВЦ - термособирачка |
| Производност |
од 0 до 5 опаковки/мин. |
| Димензии на машината Д х Ш х В |
3.600 x 1.050 x 2.200mm |
Производителот задржува право за евентуални технички измени.
Можни се изведби на машината со други димензии и со поголем степен на автоматизираност, во зависност од желбите на купувачот.
МАШИНИТЕ СЕ ПРИКЛАДНИ ЗА ЗБИРНО И ПОЕДИНЕЧНО ПАКУВАЊЕ НА :
пластични и стаклени шишиња, конзерви, тегли, играчки, списанија, книги, хартиени производи, адинг ролни, селотејпи, санитарни производи, средства за хигиена, кабли, калеми, електрични и технички производи, резервни делови за авто индустрија, дрвени производи......
|